Американскиот крилен центар со нигериско потекло Чимези Мету е четврто засилување за Барселона во пресрет на новата сезона.
Мету се сели во Каталонија како слободен играч откако му истече договорот со Детроит Пистонс и потпиша договор на една година. Тој играше во НБА од 2018 година кога беше избран како 49. пик од Сан Антонио, а беше член и на Сакраменто, Феникс и Детроит. Во најсилната светска кошаркарска лига забележа 260 натпревари со просек од 5,9 поени, 3,5 скока и 0,8 асистенции. Минатата сезона ја подели во Феникс и Детроит.
Пред Мету, Барселона ова лето се засили уште со Кевин Пантер, Џастин Андерсон и Хуан Нуњес.


