Репрезентацијата на Канада ја оствари втората победа на Олимписките игри откако попладнево ја совлада Австралија со 93-83.
Победата е убедлива и покрај тоа што во најголем дел од мечот се играше израмнето. Највисоката предност во првото полувреме ја имаше Австралија и изнесуваше пет поени разлика, а Канаѓаните го свртеа резултатот во своја корист во третата четвртина.
На средина од тој период првпат направија двоцифрена предност (66-56) за Австралија, сепак, брзо да израмни на 70-70 и да најави неизвесна завршница. Се беше решено по серијата од 9-0 на Канада на стартот од последниот квартал по што оваа селекција отиде на +11 (83-72).
Берет со 24 поени, 7 скока и 5 асистенции беше најдобар играч во канадската репрезентација, а Брукс и Гилџес Александер додадоа по 16 поени. Кај Австралијците блескаше Гиди со 19 поени, Лендејл оствари дабл дабл со 16 поени и 12 скока, а Ексум додаде 15 поени.


