Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Килијан Мбапе неодамна стана сопственик на фудбалски клуб од својата татковина, но не сака тука да запре со инвестициите во спортот.
Медиумите од оваа земја тврдат дека тој веќе почнал преговори за купување акции во кошаркарскиот вицешампион на Франција, Париз. Интересно е тоа што член на клубот е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој беше најдобар играч минатата сезона и најзаслужен за триумфот во Еврокупот со што е изборен историски пласман во Евролигата.
За почеток, Мбапе ќе биде малцински сопственик, но со цел во иднина да го зголеми својот удел во овој клуб.


