Откако вчера го обезбеди пласманот во четвртфиналето, јуниорската репрезентација на Македонија денеска само формално треба да го одработи мечот од последното коло на групната фаза против Украина. Мечот нема никакво резултатско значење бидејќи со поразот од Ирска во претходното коло, Украинците ги загубија шансите да влезат меѓу осумте најдобри. Мечот меѓу Македонија и Украина се игра од 18:30 часот во СРЦ „Кале“.


