Српската репрезентација доминира по првото полувреме од дуелот со Порторико (52-35), а во главна улога е играчот на Денвер, Никола Јокиќ.
Иако не е најефикасен во својата репрезентација, центарот на Србија сигурно чекори кон историско остварување – трипл дабл на Олимписки игри. По првите 20 минути, тој има 10 поени, 9 скока и 5 асистенции и има огромна шанса да влезе во тесниот круг кошаркари кои успеале да остварат трипл дабл на оваа манифестација.
Пред него, тоа го направиле само тројца: Александар Белов во 1976, Леброн Џејмс во 2012 и Лука Дончиќ во 2021 година.


