Екс-селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ се наоѓа пред преземање на црногорскиот прволигаш Сутјеска.
Двете страни се во завршна фаза од преговорите и ако тие успешно финишираат, тоа ќе биде прв ангажман за искусниот стручњак по пауза од година и пол. Без работа е од 14 јануари 2023 година кога си поднесе оставка од тренерската позиција во Игокеа. Како тренер на овој тим освои четири шампионски титули и шест Купа на БиХ, а два пати беше прогласен за тренер на годината во АБА лигата.
Интересно е тоа што Сутјеска е еден од ривалите на Работнички во АБА 2 лигата претстојната сезона, заедно со Војводина и Босна. Ако Бајиќ ја преземе Сутјеска, многу веројатно своето деби на официјален натпревар ќе го има во Скопје бидејќи тимот од Никшиќ му гостува на Работнички во првото коло.


