Групната фаза на Европското првенство Б-дивизија во Скопје заврши, а Македонија ја исполни својата цел и влезе меѓу осумте најдобри.
На целиот шампионат, нашата селекција ја красеше тимска игра што најдобро се гледа според ефектот на кошаркарите. Освен тоа што Никола Јаничиќ е втор стрелец на првенството, играчот на Феникс, Стефан Стојковиќ заврши како најдобар „крадец“ во групната фаза и по вкупниот број украдени топки и според просекот. За потсетување, тој имаше и едно од најатрактивните забивања во досегашниот дел од првенството, во дуелот со Чешка.

На петте меча, крилниот играч на македонската репрезентација „украде“ 19 топки, односно по 3,8 на натпревар и зад себе го остави Јегор Сушкин од Украина. Од останатите играчи, Луканоски е десетти скокач на првенството, а Јаничиќ е и седми асистент. Ќирилоски има осми највисок просечен индекс (18,8), а Стојковиќ е десетти во истата категорија со 17,8.


