По завршувањето на групната фаза, ФИБА објави список од 14 кошаркари кои се кандидати за признанието за најкорисен играч на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.
Меѓу нив има и двајца македонски репрезентативци – Коста Ќириловски и Стефан Стојковиќ кои имаа голем придонес за петте победи во групата кои ни го донесоа првото место. До моментов, на првото место според гласовите е австрискиот репрезентативец Имран Суљановиќ.
И читателите можат да гласаат за македонските репрезентативци и тоа на овој ЛИНК.


