Како што беше најавено пред два дена, искусниот стручњак Драган Бајиќ е назначен за нов тренер на Сутјеска и ќе ја води црногорската екипа во следните две сезони.
Тоа е негов прв ангажман по пауза од 1,5 години откако во јануари 2023 година си замина од Игокеа. Претходно беше селектор и на македонската кошаркарска репрезенација која ја водеше во претквалификациите и квалификациите за Светското првенство, но не се прослави бидејќи влезе во војна со неколку значајни кошаркари во националниот тим, некои од нив и легенди на македонската кошарка.
Назначувањето на Бајиќ за тренер на Сутјеска значи дека тој ќе биде ривал на Работнички во АБА 2 лигата, а првиот меч во ова натпреварување ќе го има токму во Скопје против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.


