Актуелниот планетарен првак Германија со максимални три победи ја заврши групната фаза од Олимписките игри откако денеска оствари убедлив триумф против Франција со 85-71.
„Триколорите“ дури можат да бидат среќни со ваквиот исход ако се знае дека во еден период предноста на Германците изнесуваше и 24 поени разлика. Во последната четвртина дојде до мало опуштање кај светскиот шампион, па Франција го искористи тоа за да го ублажи поразот.
Германија со ова го освои првото место во групата, додека Франција е втора иако имаше многу среќа и воопшто не беше уверлива на овие Олимписки игри.
Победата на Германците им ја донесе тандемот Вагнер-Шрудер кој постигна 52 поена, двајцата по 26. Вембанјама со 14 поени и 12 скока беше единствен расположен играч во францускиот тим.


