Втора сезона по ред, екипата на Пелистер ќе остане без својот капитен откако лани од екипата си замина Бобан Стајиќ, а сега и Андреј Маслинко.
Стајиќ во меѓувреме се врати во тимот, по една година во Работнички, но тоа нема да биде случај со Маслинко кому му истече договорот со битолскиот клуб и тој повеќе нема да биде негов член. Раководството на Пелистер не се обиде да ја продолжи соработката со него по што 27-годишниот репрезентативец е слободен во својот избор каде ќе игра во иднина.
Еден од заинтересираните за него е актуелниот шампион МЗТ Скопје чиј член Маслинко беше од 2017 до 2021 година. Во тој период, крилниот играч освои една шампионска титула и два трофеја во Купот на Македонија по што играше уште за ТФТ, Гостивар и Пелистер.


