Репрезентацијата на Србија во 3х3 доживеа шокантна елиминација во четвртфиналето од олимпискиот турнир во Париз.
Иако на Игрите дојдоа како први фаворити, а во првото коло ги растурија Американците, српските „баскетчии“ вечерва загубија од Франција со 19-22 и на својата земја не ѝ го донесоа планираниот и веќе пресметан медал, според многумина златен. Франција постојано беше во водство, Србија се доближи на 19-20 на 16 секунди пред крајот, но во последниот напад домашниот тим постигна тројка и дојде до победата.
Во полуфиналето, Франција ќе игра против Летонија, а втората двојка ја сочинуваат Литванија и Холандија.


