Македонската кошарка од вечерва во својата колекција го има првото злато, односно првиот шампионски трофеј во натпреварувањата на ФИБА.
Машката јуниорска репрезентација триумфираше на Европското првенство Б-дивизија во Скопје и тоа со таква леснотија, каква што не е видена од ниедна наша селекција досега. Освен тоа што оствари осум победи на осум натпревари, македонската репрезентација само против Чешка не триумфираше со двоцифрена разлика, а просечно постигнуваше безмалку 90 поени на натпревар.
Во златната книга на македонската кошарка се запишаа следните кошаркари и членови на стручниот штаб:
Сергеј Младеновски
Никола Јаничиќ
Сергеј Петровиќ
Ристе Букрлишев
Дарјан Димовски
Атанасиј Трајанов
Лука Марјановиќ
Коста Ќириловски
Бојан Димитриев
Давид Петрушевски
Марко Луканоски
Стефан Стојковиќ
СЕЛЕКТОР: Горан Андреевски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Един Имер
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Никола Димитриески
КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Трајче Стојанов


