Репрезентацијата на Германија е прв полуфиналист на Олимписките игри откако ја совлада Грција со 76-63.
Натпреварот беше решен во последните 15-тина минути бидејќи претходно Грците добро се држеа, а во првата четвртина водеа и со 12 поени разлика. Во вториот период Германија почна да се враќа во игра, Шрудер беше незадржлив, па на полувреме се замина со израмнет резултат (36-36).
За разлика од Шрудер, Јанис Адетокунбо не доби соодветна поддршка од соиграчите и тоа се одрази на резултатот. Кошаркарот на Милвоки постојано беше удвојуван, останатите не го искористија слободниот простор, па по серијата од 11-2, Германија поведе со 61-52. Во последните минути предноста на актуелниот светски шампион отиде на двоцифрена вредност и Грците не успеаја да се заканат во финишот.
Франц Вагнер со 18 поени беше најефикасен во германската репрезентација, а Шрудер постигна 13 поени и 7 скока. Адетокунбо постигна повеќе од третина од поените на својот тим (22), но се разбира тоа не беше воопшто доволно за изненадување. Во полуфиналето, Германија ќе игра со победникот од дуелот меѓу Франција и Канада.


