Никола Јокиќ уште еднаш покажа колку е значаен за српската репрезентација и колкава е неговата заслуга во играта.
Такво нешто можеше да се заклучи уште во првото коло, против САД кога без него на теренот Србите имаат 3-29, а официјална потврди доби денеска во дуелот со Австралија. Јокиќ поминал надвор од теренот само 6:26 минути од вкупно 45 и за тој период Србија била во негатива од 12 разлкика. Во останатите 38:34 минути, Србија има +17 и само поради тоа дојде до победа на денешниот натпревар.
По сето ова, останува впечатокот дека остатокот од српската репрезентација не му е рамен на Јокиќ, без разлика на пласманот во финалето од Светското првенство минатата година.


