Машката У18 репрезентација на Македонија е наградена со 3 милиони денари за шампионската титула на Европското првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје.
Наградата ја доделува Владата на Република Македонија која денеска донесе таква одлука.
Јуниорската репрезентација е прва наша кошаркарска селекција која освои златен медал на натпреварување во организација на ФИБА. Освен титулата, обезбеди и пласман во А-дивизијата за идната година.


