Без разлика што свој голем придонес во пресвртот и победата на Србија против Австралија дадоа Гудуриќ, Аврамовиќ и Добриќ, убедливо најзаслужен за вчерашниот триумф има Никола Јокиќ.
Суперѕвездата на Денвер Нагетс повторно беше блиску до трипл дабл, но она што го направи во период од 90 секунди во продолжението, најдобро отсликува колку е важен за српската репрезентација. Во тие моменти светскиот вицешампион беше во лоша ситуација, со три поени негатива и напад на противникот, но Јокиќ ги сврте работите во своја корист и со 8-0, Србија дојде до победата.
Се почна со блокадата врз Гиди на 2:09 пред крајот, продолжи со извдаена топка од обрачот во ситуација кога сигурно Милс ќе постигнеше кош, а потоа следуваше украдена топка уште еден скок и четири поени во низа за водство од 93-90.
Колку Јокиќ вреди за оваа репрезентација, уште еднаш покажа со фактот дека за нешто повеќе од шест минути додека не беше во игра, Србија имаше негатива од 12 поени.


