По Тејвион Кирк, Чаир е пред договор со уште еден американски кошаркар кој треба да го засили тимот во новата сезона, неофицијално дознава КОШ.МК.
Станува збор за крилниот центар Ајзеа Кели кој во Македонија доаѓа од косовскиот прволигаш Призрен каде настапуваше минатата сезона. На 30 одиграни натпревари просечно постигнувал по 17,2 поена и 9,2 скока и е најавен како големо засилување за чаирчани за претстојната натпреварувачка кампања.
Претходните две сезони во Првата лига, Чаир и неговиот тренер Ерхан Рамадан покажаа дека знаат да изберат странски засилувања за што најдобар е тоа што двајцата најдобри стрелци лани беа од овој тим. Кирк доаѓа меѓу чаирчани како прв стрелец во азербејџанскиот шампионат, а од клубот најавуваат уште изненадувања во следниот период.


