Утре на програмата се полуфиналните натпревари од Олимписките игри во Париз, а цел свет е во нетрпение да ја види третата пресметка меѓу САД и Србија ова лето.
Денеска се одржаа редовните прес-конференции на кои селекторите ги изнесоа своите мислења во врска со натпреварите. Интересна беше изјавата на Стив Кер кој испрати провокација до Србите иако има вистина во неговите зборови.
„Не смееме да се успиеме само затоа што два пати ги победивме. Мораме да бидеме подготвени за нивниот најголем напор, мораме да размислуваме што ќе направат поинаку. Јокиќ, претпоставувам, би можел да игра 40 минути. Што друго имаат во ракавот…“, рече Кер.
Јокиќ досега се покажа како најзначаен играч на српската репрезентација на Олимписките игри што и не е големо изненадување. На мечот меѓу Србија и САД во групата, додека тој беше на терен, резултатот беше израмнет, а во краткиот период што го помина на клупата, Американците направија 29-3.


