Со две златни и еден бронзен медал од олимписките игри, Леброн Џејмс се надева дека ќе има можност да се бори за уште една титула на најголемата спортска манифестација.
Последна пречка пред финалето, нему и на американската репрезентација им е Србија со која веќе играа на овие Олимписки игри, а вкупно два пати се сретнаа ова лето. Во двата меча победија САД, ама за суперѕвездата на Лејкерс тоа ништо не значи.
„Секој натпревар е посебен тест. Без оглед на тоа што се случи на претходните два натпревара со Србија, се брои само вечерашниот меч. Треба да се затвориме во салата за состаноци и да се подготвиме за она што следува“, вели Леброн.
Натпреварот меѓу Србија и САД се игра вечерва од 21 часот, а првиот полуфинален меч е од 17:30 и во него се среќаваат Франција и Германија.


