У16 репрезентацијата на Македонија со убедлива победа го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што од денеска се одржува во Скопје.
Нашите млади кошаркари на стартот ја победија Украина со 96-68 во блескаво издание во кое доминираа од првата до последната минута. Со тоа најавија дека се подготвени да го повторат успехот на јуниорите кои во неделата го освоија златниот медал во својата конкуренција.
Украина беше рамноправна само во првите три минути во кои два пати имаше и водство, со 2-0 и 4-3. Се останато помина во знакот на македонската репрезентација која во деветтата минута првпат дојде до двоцифрена предност (23-12). На крајот од првата четвртина беше 28-14, а потоа Украина влегоа во машината на нашите кадети. Највисоката предност на македонската репрезентација изнесуваше 34 разлика (88-54), достигната во последната четвртина. До тоа ја однесе агресивната одбрана која резултираше со 29 загубени топки на Украинците.
Ѓорѓи Цветковски со 22 поена беше најефикасен во нашиот тим со 22 поена, но се истакна и Данев со дабл дабл од 14 поени и 11 скока, а Терзиевски доаде 11 поени. Во второто коло, в сабота, Македонија ќе се сретне со Шведска.


