Вторпат по ред, репрезентацијата на Франција обезбеди пласман во финалето од Олимписките игри.
Во првиот полуфинален меч, „триколорите“ го елиминираа актуелниот светски шампион Германија со 73-69 и в сабота ќе се бори за своето прво злато. Франција заслужува честитки затоа што го издржа притисокот и покажа карактер откако во првото полувреме имаше и 10 поени негатива.
Во третиот период го комплетира пресвртот и поведе со 56-50 за во последната четвртина да поведе и со 66-53. Во завршницата, Германците сепак фатија приклучок и намалија на 68-70, но во неизвесната завршница, домаќинот издржа и дојде до победата вредна финале.
Гершон Јабуселе со 17 и Ајзеа Кординие со 16 поени беа најефикасни во француската репрезентација, додека Шрудер со 18 поени ја предводеше Германија која в сабота ќе се бори за својот прв олимписки медал во историјата откако со пласманот во финалето веќе го оствари најголемиот успех.


