Една од најголемите кошаркарски ѕвезди на сите времиња Леброн Џејмс уште еднаш го запиша своето име во историјата на оваа игра.
Вечерва против Србија, играчот на Лос Анџелес Лејкерс стана прв кој оствари два трипл дабла на Олимписките игри. Првиот пат тоа му успеа во Лондон во 2012 година кога против Австралија постигна 11 поени, 14 скока и 12 асистенции, додека вечерва на Србија ѝ даде 16 поени, 12 скока и 10 додавања. Неговиот ефект дополнително добива на значење ако се знае дека е остварен на 39-годишна возраст.
Покрај сето ова, Леброн стана прв играч во историјата кој на Олимписките игри постигнал над 300 поени, 125 скока и 125 асистенции.
Во историјата на Олимписките игри се остварени вкупно четири трипл дабли, а два од нив се на Леброн. Останатите два ги постигнаа Александер Белов во 1976 (23 поени, 14 скока и 10 асистенции) и Лука Дончиќ во 2021 година (16 поени, 10 скока и 18 асистенции).


