Иако се горди на своите кошаркари и репрезентацијата, српските навивачи беснеат поради тактиката на селекторот Светислав Пешиќ во второто полувреме.
На искусниот стручњак му забележуваат за тоа што го заборави Алекса Аврамовиќ во вториот дел и покрај тоа што довчерашниот плејмејкер на Партизан беше еден од најзаслужните за високата предност во првото полувреме. Во продолжение играше многу малку, а неговата замена Василије Мициќ имаше неколку нелогични потези кои доведоа до пресврт на противникот.
Senilni Pešić zaboravio Avramovića, a drži raspalog Micića.
— Dalibor Djordjevic (@Dalibor78895640) August 8, 2024
„Сенилнииот Пешиќ го заборави Аврамовиќ, а го држи распаднатиот Мициќ“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи каде како најголем виновник за поразот се посочува селекторот.
Аврамовиќ на теренот помина помалку од 18 минути и постигна 15 поени со шут за тројка 4/6, а додека тој играше, во категоријата +/- има +1. Од друга страна, Мициќ забележа 22 минути во игра и има -7, а шутот од игра му е 3/10.


