Како главен виновник за поразот од САД, српските кошаркари и спортската јавност во Србија ги посочија тројцата судии кои го водеа синоќешниот натпревар.
Правдата ја делеа Адемир Зураповиќ од БиХ, Хулио Ањала од Панама и Мартинс Козловскис од Литванија за кои има еден куп критики и на светските медиуми и на социјалните мрежи.
Додека тројцата арбитри заминуваа кон соблекувалната по натпреварот, српските кошаркари тргнаа кон нив со пцовки и навреди, па дури и Бодан Богдановиќ, кој до тие моменти беше наведнат и плачеше, се исправи и го извади сиот свој бес кон нив.


