Место да ја слави победата против Србија и да се подготвува за финалето од олимпискиот кошаркарски турнир, Кевин Дурант останал буден до 5 часот денеска за да се расправа со навивачи на социјални мрежи.
Прво му пречело што американски фанови делеле комплименти за српските кошаркари, пред се за Никола Јокиќ, а потоа влезе во во конфликт и со Србите кои не бираа зборови и удрија по него со најжестоки навреди.
„Им пишувам на сите навивачи на Денвер, никому не му е важно што вие глупаци мислите за тоа кој е најдобар играч во лигата. Кошаркарит имаат големо почитување кон Јокиќ, но не го креваат во облаци и не го гледаат како бог. Мнозинството од вас се восхитува на неговата брилијантна игра, но тоа што ве тролаат е дел од оваа игра, прифатете го“, напиша Дурант за потоа да им одговори на речиси сите кои се обидоа да влезат во дебата со него и да го навредат.
Во дебатата се вклучи и српскиот репрезентативец Душан Ристиќ кој не го помина последниот филтер и не игра на Олимписките игри, а кој му порача на Дурант дека нема достоинство.


