Иако беше планирано да тренира, српската репрезентација денеска не го одржа тренингот пред утрешниот меч за третото место на Олимписките игри.
Причините за тоа лежат во селекторот Светислав Пешиќ. По тешкиот меч против САД, тој одлучил да им даде слободен ден на кошаркарите, па тие ќе имаат само видео анализа за противникот.
Дуелот за бронзата на Олимписките игри се игра во невообичаен термин, утре претпладне од 11 часот.


