И покрај бројните критики што ги доби, претежно од српските љубители на кошарката, панамскиот судија Хулио Анаја е делегиран за утрешното финале од олимпискиот турнир, меѓу САД и Франција.
Тој ќе ја дели правдата заедно со Антонио Конде од Шпанија и Војчех Лиска од Полска. Мечот за третото место, меѓу Германија и Србија, ќе го водат Метју Калио од Канада, Јоан Росо од Франција и Џони Батиста од Порторико.
Анаја во текот на денешниот ден беше на удар на српските навивачи, слично како и Адемир Зураповиќ од БиХ поради нивната арбитража на вчерашниот натпревар против САД. Србите сметаат дека тие двајца се главни виновници што нивната репрезентација загуби иако во текот на натпреварот „орлите“ имаа и +17, а во последната четвртина влегоа со предност од 13 разлика.


