Со триумфот против Белгија, женската француска репрезентација обезбеди пласман во финалето од Олимписките игри каде ќе се сретне со САД.
Тоа значи дека оваа година и во машка и во женска конкуренција, за титулата во кошарка на Олимписките игри ќе се борат репрезентации на исти држави – Франција и САД. Тоа е прв таков случај во историјата на најголемата спортска манифестација.
Финалето кај мажите е реприза од Олимписките игри и вкупно трето меѓу САД и Франција кои за титулата се бореа и во Сиднеј во 2000 година. Кај дамите, САД и Франција играа во за златото во 2012 година во Лондон.


