Како што можеше да се претпостави, одлиичниот ефект и лидерската позиција во речиси сите важни категории не му беа доволни на Никола Јокиќ да биде прогласен за МВП на кошаркарскиот турнир од Олимписките игри во Париз.
Признанието му припадна на Леброн Џејмс по неговиот веројатно последен настап на најголемата спортска манифестација. Тој е само трет кошаркар во историјата кој го добива МВП признанието по Ману Џинобили во 2004 и Кевин Дурант во 2021 година.
Суперѕвездата на Лејкерс ја предводеше американската репрезентација и покрај тоа што настапи на 39-годишна возраст. За него ова се четврти олимписки игри и четврти медал од кои златни и еден бронзен.
Во идеалната петорка се најдоа уште неговиот сонародник Стеф Кари, потоа Никола Јокиќ од Србија, Денир Шрудер од Германија и Виктор Вембанјама од Франција.


