Македонската кадетска репрезентација оствари исклучително важна победа против Шведска во второто коло од Европското првенство Б-дивизија во Скопје и по две кола има биланс 2/0.
Мечот го одбележа драматичниот финиш, но и неколкуте атракции на двете страни. Во македонската репрезентација се истакна Жарко Терзиевски кој имаше атрактивни забивања во контранапади со кои ја крена атмосферата во Кале.
Два пати заби во првото полувреме во моменти кога Македонија бркаше висока негатива и еднаш во вториот. Направи и неколку грешки, но со својата енергија повеќе пати ја крена екипата и придонесе за големиот триумф.


