Српската кошаркарска репрезентација го украде шоуто на синоќешното доделување на медали на Олимписките игри во Париз.
„Орлите“ го играа мечот за третото место во 11 часот, со сите обврски околу 14, а потоа отидоа заедно да го прослават големиот успех. Од снимките на социјалните мрежи може да се забележи дека си поминале многу убаво, пееја и пиеја, а во репертарот на песни ја имаше и „Македонско девојче“, во изведба на Никола Јокиќ кој целата прослава ја помина гол во горниот дел од телото.
Прославата траела десетина часа, па кошаркарите од пиење се вратија во Берси да ги примат медалите. Таму можеше најдобро да се забележи дека се во алкохолизирана состојба сите, но најмногу од нив токму Јокиќ кој се клатеше додека траеше целата церемонија.
Во „форма“ беа и Алекса Аврамовиќ, Вања Маринковиќ, Богдан Богдановиќ, Василије Мициќ…, а изгледа дека најмалку на алкохолот му се предал Марко Гудуриќ кој беше таму да ги стабилизира.


