Повремениот македонски репрезентативец Ваљмир Какруки го продолжи договорот со Чаир на уште една сезона.
Во редовите на прволигашот, тој дојде во ноември минатата година од косовскиот тим Башкими и беше еден од најзаслужните за добриот пласман на Чаир минатата натпреварувачка кампања. Одигра 19 натпревари со просек од 12,1 поен и 5,7 скока со индекс 12,7.
Какруки е прв домашен играч што го продолжи договорот со чаирчани кои во новата сезона ќе влезат со уште повисоки амбиции. Досега беа ангажирани тројца американски кошаркари.


