Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ почна револуција во македонската кошарка откако во продажба пушти сезонски билети за претстојната натпреварувачка кампања.
Новиот маркетинг тим на клубот пронајде начин како да привлече навивачи бидејќи со купување влезници се предвидени и многу поволности. Цената на секоја сезонска карта е 3000 денари со персонализиран дрес или 2000 денари со маица по своја желба. Освен што со сезонски билет е овозможен влез на сите натпревари кои екипата ќе ги игра на домашен терен, фановите добиваат и попусти во следните локали и продавници:
Со секоја купена сезонска карта добиваш влез на сите натпревари на екипата на ТФТ и попусти во следните локали:
50% Технополис ТЦ Лептокарија
33% Metafora Psihoterija
20% Mrkelangelo’s Kitchen
15% Кафе Кофеин ТЦ Лептокарија
15% Balance Bistro (спроти Воена Болница)
15% Gala Kitchen
15% Фитнес Револуција
10% Zia | Hypoallergenic & Waterproof Jewelrу
10% Кафе Ќоше ТЦ Лептокарија
10% Ресторан Буре ТЦ Лептокарија
10% Ресторан Старо Буре ТЦ Лептокарија
10% Pet Shop Мац-Кац ТЦ Лептокарија
10% Groom Room ТЦ Лептокарија
10% MedicusPlus
10% Фризерски Салон Јора ТЦ Лептокарија
Билетите можат да се нарачаат на Инстаграм профилот на ТФТ или во Кафе Кофеин во Лептокарија. За следниот период, клубот најавува и други новитети, како кошаркарски камп, претсезонски ивент и фаншоп во кој ќе можат да се набави дел од опремата на ТФТ.
ПР ТЕКСТ


