И покрај тоа што има биланс 2/1 и утре се среќава со аутсајдерот Австрија, македонската кадетска репрезентација уште не го обезбедила пласманот во четвртфиналето и сега зависи од другите селекции.
Конкретно, од исходот на дуелот меѓу Естонија и Шведска кој се игра утре од 16 часот. Евентуален триумф на Швеѓаните речиси сигурно ќе значи елиминација на Македонија (со наша победа против Австрија) бидејќи така ќе се направи круг од три репрезентации со биланс 3/1.
Во моментов, Македонија има кош разлика -18, Естонците имаат +19, а Швеѓаните -1. Тоа значи дека на Шведска ѝ е доволна минимална победа против Естонија и така ќе бидат задоволни двете репрезентации бидејќи Естонците ќе бидат први, а Швеѓаните трети.
Пред мечот против Австрија, Македонија ќе го знае исходот од тој меч бидејќи нашиот тим игра од 18:30 часот.


