Покрај странските засилувања кои ги договори во пресрет на новата сезона, раководството на Чаир ја продолжи соработката со уште неколку домашни играчи.
Покрај Ваљмир Какруки, меѓу чаирчани остануваат уште Јован Александровски и Фатјон Реџа, а доаѓа и Мети Тачи од редовите на Шкупи. Александровски и Реџа имаа голема минутажа минатата сезона и со тоа голем придонес во резултатите на екипата.
Чаир планира да ги почне подготовките за новата сезона на 25 август и дотогаш многу веројатно, ќе биде комплетиран ростерот.


