Македонскиот прволигаш Феникс го донесе своето второ странско засилување за новата сезона.
По Мајлс Браун, член на екипата од Гази Баба стана 24-годишниот центар Адам Сисе, висок 208 сантиметри кому Феникс ќе му биде прва станица во европската кошарка. Од она што може да се забележи од неговите поранешни настапи, станува збор за атрактивен играч, силен во рекетот и добар во одбраната.
До почетокот на подготовките за новата сезона, Феникс планира да донесе уште двајца странци чии имиња ќе бидат познати во следниот период.


