Кошаркарската федерација на Нов Зеланд го отпушти селекторот Пиро Камерон на 8 август, а неговиот наследник одлучи да го бара на неконвенционален начин.
За разлика од најголемиот број федерации низ светот, кои имаат стручни совети за избор на селектори, Новозеланѓаните одлучија новиот предводник на националниот тим да го бараат преку оглас на сајтот на Федерацијата. Работата е опишана како „повремена“, во периодот од 7 октомври 2024 до септември 2028 година.
🚨🚨 The Tall Blacks are now seeking its next Head Coach for the New Zealand men’s national team, beginning with the FIBA Asia Cup Qualifiers in November this year.
— Tall Blacks (@TallBlacks) August 12, 2024
🔗 Find out more and apply now at https://t.co/d6LJRJBDPD pic.twitter.com/lcflZF2dfs
„Кандидатот треба да поседува моќ и кредибилитет за водење тим, заедно со силна стратегија, способност за решавање проблеми и способност за носење важни одлуки“, пишува, меѓу другото, во огласот.
Прва задача за новиот селектор ќе бидат квалификациите за Азискиот куп од кои првиот меч е на 21 ноември против Филипини на гостински терен. Нов Зеланд има кошаркарска традиција и две учества на олимписките игри и осум на светските првенства при што најголемиот успех е четвртото место на Мундијалот во Индијанаполис 2002.


