Црногорскиот прволигаш Подгорица го потврди најсензационалниот трансфер за претстојната сезона, кога станува збор за АБА 2 лигата.
Нов член на овој тим е грчкиот интернационалец Алекс Адетокунбо, се разбира, брат на НБА ѕвездата Јанис. Алекс е најмлад и најнизок од четворицата браќа, има 23 години и игра на крилната позиција. Пред крајот на минатата сезона играше за литванскиот тим Мажеикиаи чиј тренер е македонскиот интернационалец Никола Василев.
Квалитетите на Алекс Адетокунбо ќе имаат можност на дело да ги видат навивачите на Пелистер во Битола имајќи предвид дека Подгорица се наоѓа во истата група со македонскиот вицешампион во АБА 2 лигата. Црногорците гостуваат во Битола на 17 декември, во рамките на шестото коло од групната фаза.


