Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов летово го напушти тимот на Капакли, но кариерата сепак ќе ја продолжи во Турција.
Негов нов клуб е тамошниот второлигаш со интересно име – Пицабулс Џеди Осман. Ко-сопственик е турскиот репрезентативец, роден во Охрид, а минатата сезона избори пласман во втората лига по ранг во Турција, ТБЛ. Последните денови Пицабулс Џеди Осман направи респектабилна екипа, со квалитетен стручен штаб и со големи амбиции го очекува почетокот на сезоната.
Николов има долг стаж во турската кошарка, почна во Галатасарај во 2014, а потоа играше и во Беледије, Трабзон, Истанбул ББ, Петким, Коња и Капакли.


