Кошаркарите на ТФТ ги минуваат последните денови од одморот бидејќи од понеделник ги почнуваат подгоговките за новата сезона, а раководството и стручниот штаб се погрижија да обезбедат силни тестови пред стартот на првенството.
Тимот од Тафталиџе ќе се подготвува во Скопје, првите десетина дена ќе работи на физичката спрема на играчите, а од 28 август тргнува со пријателските дуели кои ќе ги има девет од кои половина со странски ривали. Прва станица ќе биде Солун каде на 28 и 29 август ќе се сретне со ПАОК и Ираклис, а една недела подоцна ќе го организира Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“ на кој ќе учествуваат уште Ираклис и Работнички.
На 10 и 11 септември ТФТ патува во Самоков и Ботевград каде ќе игра против Рилски спортист и Балкан, на 16 септември во Скопје со Чаир, додека последните два теста пред стартот на првенството ќе ги има против Кожув, на 21 и 28 септември.
Оваа сезона ќе биде прва за ТФТ откако влезе во Првата лига да не игра на меѓународна сцена, па ќе може да се насочи само на првенствените настапи.


