Со биланс од пет победи и два пораза, македонската кадетска репрезентација денеска го заврши својот настап на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.
За жал, не успеа да обезбеди пласман во елитната конкуренција бидејќи го освои десеттото место, а во последниот меч загуби од Унгарија со 71-80. Претходно загуби само уште од Естонија во групата, а ги совлада Украина, Шведска, Австрија, Данска и Португалија.
Денешниот меч помина во целоснаа доминација на Унгарците кои беа во негатива само осум секунди. Уште од стартот го наметнаа својот стил на игра, во еден момент беа во водство од 14 разлика и нашите кошаркари ниеднаш не успеаја да ја загрозат нивната победа.
Ѓорѓи Цветковски и Григориј Ѓорѓевиќ денеска беа најрасположени вечерва и постигнаа повеќе од половина поени на македонската репрезентација, првиот 24, а вториот 20.


