Синоќа во Скопје заврши Европското првенство Б-дивизија во кадетска конкуренција со што официјално завршија обврските на македонските младински селекции за ова лето.
Македонија го освои десеттото место што можеби не е реален одраз на квалитетот на оваа селекција бидејќи еден кош од дуелот меѓу Естонија и Шведска ја спречи да се пласира во четвртфиналето, а таму имаше реални шанси да стигне и до завршницата. Дел од играчите кои настапија на шампионатот оставија добар впечаток, а некои од нив беа меѓу најдобрите во одделни статистички категории.
На пример, Жарко Терзиевски го заврши првенството како најдобар „крадец“ со просек од 3,1 украдени топки по натпревари. Првото место го дели со Армин Капиќ од Австрија, но бидејќи има помала минутажа од него, официјално е прв во оваа категорија.
Неговиот соиграч од Вардар, Григориј Ѓорѓевиќ заврши на второто место меѓу асистентите со 5,4 додавања по натпревар. Пред него е само Давид Јоан Расога од Романија со 5,6. За потенцирање е и ЃорЃи Цветковски кој е седми стрелец на првенството со вкупно 117 поени или 16,7 по натпревар.


