Српскиот репрезентативен плејмејкер Василије Мициќ би можел да ја продолжи кариерата во Денвер Нагетс, објавуваат денеска американските медиуми.
Такво нешто се спомнуваше и во периодот кога Мициќ си заминуваше од Оклахома минатата сезона, но на крајот не се оствари, па Србинот тогаш замина во Шарлот и таму ја заврши кампањата. Сега Нагетс инсистираат да го донесат во своите редови и да го спојат со Никола Јокиќ, но проблем е тоа што претстојната сезона Мициќ треба да заработи 7,7 милиони долари.
Како последица на тоа, Денвер треба му плати толкава сума на Шарлот или во спротивна насока да испрати кошаркари кои имаат идентична плата. Се шпекулира дека во Северна Каролина би можел да се упати Зик Наџи.


