По заминувањето на Кевин Пантер, Партизан донесе одлука кој ќе биде капитен на тимот во новата сезона во која белградскиот клуб ќе влезе во максимално изменет состав.
На вечерашната церемонија на претставувањето на екипата беше објавена дека таа улога ќе ја има Вања Маринковиќ кој иако е нов член на Партизан, има најдолг стаж меѓу „црно-белите“. Тој во Партизан ја почна професионалната кариера и играше таму од 2013 до 2019 година по што се пресели во Валенсија, а потоа и во Басконија.
Во тој период, како тинејџер, Маринковиќ исто така беше капитен на Партизан како најмлад во историјата на клубот кој ја извршувал таа функција.


