Точно една недела по Лазар Лечиќ, на 81-годишна возраст почина легендата на југословенската кошарка Ратомир Ратко Твридќ, еден од најголемите играчи на Југопластика.
За сплитскиот клуб играше 18 сезони и постигна 5.561 поен, а на простувањето во 1977 година во Сплит му се поклони избрана екипа на ФИБА. Со Југопластика освои две титули на поранешна Југославија и два национални Купа, но два пати триумфираше и во Купот Радивој Кораќ и играше во финалето од Купот на европските шампиони во 1972 година.
Со југословенската репрезентација освои две сребра и едно злато на светските првенства, како и едно сребрдо и две злата на европските шампионати.


