Шпанскиот репрезентативец Усман Гаруба од денеска повторно е играч на Реал Мадрид откако одлучи да ја напушти НБА и да се врати во својот матичен клуб.
Тој ја почна кариерата во Реал, но во 2021 година замина во Хјустон Рокитс кој го избра како 23. пик на драфтот. Лани беше трејдуван во Голден Стејт, ама не се наигра таму, туку повеќе време помина во филијалата Санта Крус каде просечно постигнуваше по 13,6 поени и 11 скока.
Гаруба е четврто засилување за Реал ова лето по Андрес Фелис, Серж Ибака и Ксавиер Ратан Мејс, но тимот остана без неколку исклучително важни играчи како Серхио Родригес, Руди Фернандес, Гершон Јабуселе, Фабиен Козер, Карлос Алосен и Венсан Поарие.


