Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ ќе го носи дресот на ЦСКА Москва претстојната сезона откако пропадна можноста да се пресели во НБА ова лето.
Денеска истече последниот рок за евентуална преселба во НБА и повеќе не постои можност да ја напушти ЦСКА со која потпиша пред почетокот на Олимписките игри во Париз. Српските медиуми објавија тврдење на близок роднина на Аврамовиќ дека постои интерес од Лос Анџелес Клиперс и Атланта Хоукс, но очигледно не дошло до договор, па 30-годишниот плејмејкер ќе остане во европската кошарка.
Аврамовиќ одигра извонредно на Олимписките игри во Париз каде беше прогласен за најдобар дефанзивец и тоа го зголеми интересот за него.


