Телевизијата ЕСПН преку своите експерти направи прогноза за претстојната сезона во НБА иако до нејзиниот почеток има уште повеќе од два месеца.
Интересно е тоа што повторно, како и лани, Никола Јокиќ не е во прв план кога станува збор за трката за МВП наградата. На врвот, во прогнозата на ЕСПН сега е Лука Дончиќ кој и минатата сезона беше одличен, заврши како најдобар стрелец и потоа го однесе Далас до финалето на НБА лигата каде загуби од Бостон.
Дончиќ добил 48% од гласовите, а зад него се Јокиќ, Шеј Гилџес Александер, Ентони Едвардс, Јанис Адетокунбо, Жоел Ембид, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Џа Морант и Кевин Дурант.


