Екипата на Партизан во вторникот ги почна подготовките за новата сезона, а веќе на првиот тренинг се случи првата несреќа.
На него се повреди едно од најголемите засилувања, канадскиот интернационалец Ајзеа Мајк кој минатата сезона блескаше во Еврокупот, во дресот на Бурж. Наводно, се работи за повреда на листот поради која Мајк би отсуствувал околу четири недели од тренинзите што значи дека ќе ги пропушти безмалку целите подготовки.
Сезоната за Партизан почнува на 20 септември со дуелот против Борац во рамките на АБА лигата, но добра вест е тоа што Мајк би бил подготвен за стартот на Евролигата.


